Го тужи НФЛ поради Шакира и Џеј-Ло и бара отштета од – 876 милијарди долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивач бил згорзен од случувањата на Суперболот и смета дека провокативниот настап на Џенифер Лопез и Шакира на полувремето бил лош за младите луѓе и поради тоа реши да ја тужи НФЛ.

Дејв Доберман, поранешен тренер на повеќе тимови од средно училиште поднел тужба против НФЛ и нивните партнери поради „непримерна содржина“ на полувремето во борбата за шампионскиот прстен меѓу Канзас сити и Сан Франциско и бара дури 867 милијарди долари за отштета.

„Јас сакав да гледам фудбал, а не невкусен танц. Тие донесоа грев во мојот дом. Суперболот е спортска манифестација, која ја гледа и младата поопулација“, вели навивачот и поради тоа смета дека треба да добие надомест од НФЛ.