Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец Жоржињо се раздели со неговата девојка, откако флертувал со вработена во лондонскиот клуб.
Жоржињо на 26-годишната Елиза Скалкон ѝ испраќал интимни пораки и ја прашувал такви работи, по што нив ги пронашол Арон Хјуз, кој ѝ бил момче на Елиза.
„Таа зборуваше често за Жоржињо. Почнав да се сомневам. Кога ми кажа дека оди минатото лето на турнејата на Челси по Јапонија, ѝ кажав дека сум загрижен. кога се врати, ја прашав дали нешто се случило и таа ми кажа дека такво нешто немало. Тогаш не ги видов пораките…“, открива Арон.
Но, пред тргнување за Шри Ланка, Елиза почнала да се однесува чудно, се заклучила во купатилото и му кажала да замине.
„Во нејзиниот таблет забележав многу пораки меѓу неа и Жоржињо. Покрај мене на него му испраќаше пораки и му раскажуваше интимни детали“, раскажува огорчениот Арон, кој потоа се скарал со Елиза и ја напуштил, иако таа се правдала дека пораките не се „тоа што мислел“.