„Goal.com“ го избра тимот на полусезоната во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реномираниот фудбалски портал, „Goal.com“ на својата веб страна го објави тимот на полусезоната во Серија А.

Место во тимот нормално има за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, а покрај него во нападот е и откровението на сезоната, Криштоф Пиатек.

На голманската позиција е Хандановиќ од Интер, одбраната ја сочинуваат тројца играчи на Јувентус, Алекс Сандро, Киелини и Кансело, како и најдобриот играч на Наполи, Калиду Кулибали.

Во средниот ред се Барела од Каљари, Алан од Наполи и Лазари од СПАЛ, додека на веќе споменатите Роналдо и Пиатек во нападот друштво им прави Сусо.