„Goal.com“ го избра тимот на полусезоната во Премиер лигата

Денешниот ден на порталот „Goal“ беше резервиран за најдобрите тимови во првиот дел од сезоните во најдобрите три лиги.

Откако ги објавивме тимовите во Ла Лига и Серија А, дојде редот да го објавиме и најдобриот тим на полусезоната во Премиер лигата.

На голот се најде Алисон од Ливерпул, одбраната ја комплетираат Робертсон (Ливерпул), Лапорте (Манчестер Сити), Ван Дијк (Ливерпул) и Аспиликуета (Челси).

Последен играч за врска е Лукас Тореира од Арсенал,а  пред него има навистина офанзивна четворка сочинета од Еден Азар, Мо Салах, Рахим Стерлинг и Пјер Емерик Обамејанг. Во нападот очекувано е Хари Кејн од Тотенхем.