Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот дефанзивен фудбалер, Диего Годин и официјално си замина од редовите на Интер, но остана во Серија А.
34 годишниот фудбалер стави потпис на договор со Калјари, клуб во кој пристигна како слободен агент откако претходно го раскина договорот со Интер.
34 годишниот фудбалер се пресели во Интер како големо засилување минатата сезона откако неговиот договор со Атлетико Мадрид дојде на самиот крај, но не успеа да се снајде најдобро на „Сан Сиро“.
Сега ургувајскиот дефанзивец кариерата ќе ја продолжи во Калјари, клуб со кој потпиша тригодишен договор.