Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серија А е суспендирана од деветти март, а Италија има големи проблеми со коронавирусот. Диего Годин не е среќен за тоа како функционираат работите во државата, па револтот го искажа преку медиумите.
Само еден ден пред прекин на шампионатот, Интер играше против Јувентус и беше поразен. На средбата без публика беше и Даниеле Ругани, кој на 12 март имаше позитивен тест на Ковид-19.
„Бевме изложени до последен момент. Тие сакаа да се игра, додека не стана неиздржливо. Здравствениот систем падна. Нема доволно кревети на интензивна нега. Имаат недостаток и на доктори, луѓето со други болести не може да се лекуваат.ние продолживме да играме фудбал неколку недели, трениравме, игравме без публика, додека фудбалерот на Јувентус не беше позитивен“, кажа Годин.