Годин си оди од Интер, но останува во Серија А и реализира доста изненадувачки трансфер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Искусниот уругвајски репрезентативец, Диего Годин ќе ја заврши својата авантура во Интер, но ќе остане во италијанскиот шампионат.

Фабрицио Романо тврди дека дефанзивецот кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Калјари.

Ова би бил навистина изненадувачки трансфер ако се земе предвид дека за Годин имаше интерес и од некои од најголемите европски тимови кои беа подготвени да го ангажираат ова лето.

Преговорите со Калјари се во финална фаза и Годин би требало да потпише двегодишен договор со тимот од Сардинија.