Годините се само број за кралот: Лазаров избран за МВП по првите дуели во квалификациите за ЕП ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави на социјалните мрежи дека МВП за првите натпревари во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 е избран македонскиот ракометар Кире Лазаров.

Лазаров беше фантастичен и на двата натпревари за Македонија, кои ги добивме и се наоѓаме во добра позиција да обезбедиме пласман на ЕП, иако има уште многу да се игра.

Македонија најпрво триумфираше против Финска со 33-24, а потоа и против Швајцарија на гостински терен со 25-23.

„Годините немаат ефект на кралот“, напишаа од ЕХФ.

Македонскиот ракометар постигна вкупно 17 голови во првите две кола. Најпрво против Финска постигна 11, а потоа даде шест голови против Швајцарија.