Ѓоковиќ: Без разлика на тоа што се случи, сакам да играм на Австралијан опен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ реши да испрати порака преку Инстаграм по сите случувања во Австралија. Тој стигна пред неколку дена, но заврши во притвор затоа што му беше поништена визата.

Австралиската власт сакаше да го депортира Ѓоковиќ, но тој утрово на Суд го доби случајот, па судијата му ја врати визата.

Иако имаше информации од Мелбурн дека повторно ќе биде уапсен и депортиран, сепак на крајот тоа нема да се случи.

Ѓоковиќ потоа испрати порака преку Инстаграм и Твитер и кажа дека сака да игра на Австралијан опен без разлика на тоа што се случило.

„Среќен сум и благодарен сум што Судот донесе одлука во моја корист и ми ја врати визата. Покрај сè што се случи, сакам да останам и ќе се обидам да се натпреварувам на Австралијан опен“, напиша Ѓоковиќ.