Ѓоковиќ блиску до Сампрас, наскоро ќе падне и Федерер!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја задржа предноста пред Рафаел Надал и така се приближи до рекордот на Пит Сампрас.

Станува збор за број на години кои Американецот ги мина на чело на АТП-листата. Сампрас беше дури шест години прв, а јасно е дека Србинот на крајот на 2020 година ќе го достигне тој резултат.

Според сегашните прогнози српскиот тениер на почетокот на март би требало да го стигне и Роџер Федерер по број на недели на врвот на листата.

Федерер во моментов е 19 недели пред Ѓоковиќ, но како што стојат работите во моментов, Србинот тешко ќе го загуби првото место, па без сомнеж наскоро ќе го урне и тој рекорд.