Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал има одлична шанса во Америка да го нападне првото место на АТП-листата.
Надал не брани бодови во Синсинати, ниту на Ју-Ес опен, па има отворен пат кон тронот, зашто Данил Медведев по турнирот во Монтреал остана без многу бодови.
Медведев на Ју-Ес опен ќе брани дури 2.000 бодови, па тоа е дополнителен удар за него, но и предност за Надал кој без притисок ќе го нападне тронот.
Мастерсот во Монтреал донесе големи промени, а најмногу профитираше Каспер Руд, кој напредуваше за две места и така ги скокна Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ остана на шестата позиција, додека Циципас поради лошите резултати падна дури до седмото место.