Ѓоковиќ до српската сензација на Вимблдон: Ќе јадеме трева заедно (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српската тенисерка Наталија Стевановиќ славеше против Каролина Плишкова со 6-2 и 6-3, а задоволство поради нејзината победа покажа и Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ѝ честиташе на тенисерката, која не се очекуваше ниту да се квалификува на Вимблдон.

„Ѝ честитам. Не се очекуваше ниту да се квалификува тука, но успеа да победи фаворит. Ова е импресивен резултат. Наталија не сум ја видел многу пати досега. Знам дека доаѓаше во Белград да тренира неколку пати. Не знаев дека јадела трева, се надевам дека ќе јадеме заедно“, кажа Ѓоковиќ откако Србинката прослави во негов стил.