Ѓоковиќ до збор го откри мотивациониот говор кој го има за себе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ против Јаник Синер беше пред елиминација бидејќи губеше со 0-2 во сетови, но потоа направи целосен пресврт и славеше со 3-2.

Ѓоковиќ се разбуди во третиот сет и успеа да се врати во мечот, а во тоа му помогнал мотивациониот говор кој си го кажува сам на себе во огледало.

Српскиот тенисер за медиумите откри што си кажува пред секој од натпреварите за да се мотивира.

„Можеш, верувај во себе. Сега е моментот, заборави на тоа што се случи. Почнува нов меч, одиме мајсторе“, открива Ѓоковиќ.

Србинот се пласираше во полуфинале на Вимблдон и ќе се бори до крајот за освојување на Вимблдон.