Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја нападне 24. гренслем-титула во кариерата, откако со победата на Ролан Гарос го надмина Рафаел Надал.
Ѓоковиќ напорно работи и се подготвува за турнирот во Вимблдон, каде може да испише историја, а во разговор со медиумите кажа дека се чувствува одлично.
„Сум играл многу пати на овој турнир, секогаш чувствувам дека еден млад Новак доаѓа тука за да го живее својот сон. Во мои очи ова е најголем турнир и едвај чекам да почне“, кажа Ѓоковиќ.
Србинот досега го има освоено седум пати Вимблдон, а оваа година ќе се обиде да го одбрани пехарот кој го освои минатата година.