Ѓоковиќ доби голема поддршка, и тоа од најголемиот ривал во моментов – Медведев!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вториот тенисер во светот, Данил Медведев го поддржа Новак Ѓоковиќ во неговиот став да не објави дали е вакциниран или не пред почеток на турнирот во Австралија.

На Австралијан опен ќе настапуваат само вакцинирани тенисери, барем такви се најавите, а Ѓоковиќ не сака во јавност да каже дали примил вакцина.

„Ми се допадна тоа што го кажа Ѓоковиќ. Тој кажа дека вакцинацијата е приватна работа и дека не сака да го објави тоа, а јас решив да постапам исто како него. Што се однесува до Австралија, таму ќе видиме кој е вакциниран, а кој не. Нема да кажам ниту јас дали сум вакциниран. Но, сакам да играм во Австралија. Правилата се јасни, ако си вакциниран, тогаш ќе играш, а ако не, тогаш две недели во карантин“, вели Медведев.