Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно доби одлични вести, иако годината не му почна најдобро откако имаше забрана за настап на Австралијан опен, а потоа загуби на турнирот во Дубаи.
Србинот не планира да се вакцинира, а тоа беше услов на речиси сите организатори на најголемите турнири, но сепак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра во Париз на Ролан Гарос.
Француската Влада објави дека од 14 март ќе се укинат вакциналните пасоши, што значи дека на Ролан Гарос ќе може да настапат и тенисери кои не се вакцинирани.
Ролан Гарос ќе почне на 22 март, а Ѓоковиќ ќе може да игра и на турнирот во Монако, кој е на распоредот на 9 април.
Во тек се и намалувањето на мерките во Велика Британија, па се очекува Србинот да настапи и на Вимблдон.