Ѓоковиќ доби златен рекет од неговиот спонзор (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби златен рекет тежок осум килограми од производителот на тениска опрема „Хед“.

Спонзорот на Ѓоковиќ со овој потег сакаше да му се заблагодари на српскиот тенисер затоа што повеќе од една деценија игра со нивните рекети.

„Ова е 23 гренслем-трофеј, нов рекорд во машкиот тенис. Ѓоковиќ се израмни со Серена Вилијамс по број на гренслем-титули во машка и женска конкуренција“, соопшти компанијата.