Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот во Монте Карло во второто коло, откако од него подобар беше Алехандро Давидович Фокина со 6-3, 6-7 и 6-1.
Добра вест за српскиот тенисер е тоа што нема да има влијание врз АТП-листата, односно разликата меѓу Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе се зголеми.
Ѓоковиќ ќе има 110 бодови повеќе од Русинот во текот на следната недела, па така на врвот ќе биде со вкупно 8.340 бодови.
Тие двајца во следната недела ќе бидат на самиот врв на листата, иако не можат да се пофалат со добри резултати во последно време.
Србинот одигра само два турнири оваа година и не беше ниту блиску до освојување на титула, додека Медведев се изгуби по поразот во финалето на Австралијан опен.