„Ѓоковиќ е единствен виновник и само тој треба да се извини!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хервиг Страка го обвини директно Новак Ѓоковиќ за неодговорност и хаос кој се создаде на „Адрија Тур“, откако неколку тенисери имаа позитивни тестови на Ковид-19.

Откако Доминик Тим призна дека однесувањето на манифестацијата било премногу еуфорично, но дека верувале на правилата на Владата на Србија, се огласи и неговиот агент.

„Тоа беше хуманитарен турнир, но од почетокот тргна во лоша насока. Единствен виновник за тоа е Ѓоковиќ. Тој е главен виновник, никој друг не треба да се извини. Тие учествуваа и се однесуваа како што дозволија организаторите. Само Ѓоковиќ мора да се извини. Јас инсистирав да се воведат некакви мерки, да нема на трибините повеќе од 1.000 луѓе, но никој не ме послуша“, кажа Страка.