Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната тениска „Куќа на славните“ номинираше неколку легендарни моменти во кариерата на Новак Ѓоковиќ за престижна награда.
Во категоријата на „епски ривалства“ Србинот се наоѓа заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал, додека со репрезентацијата на Србија е кандидат во категоријата „Најпозната прослава“, зашто во 2010 година го освои Дејвис Купот.
„Овие моменти се неверојатни. Федерер и Надал се бореа за првпат во 2004 година, додека Ѓоковиќ и Шпанецот се судриле дури 58 пати, а Швајцарецот и најдобриот во светот одиграа 50 меча“, пишува на сајтот на кој може да се гласа до 30 април.