Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна 363. недела на врвот на АТП-листата, а може своето владеење да го продолжи во следниот период, ако неговиот главен конкурент Данил Медведев разочара на турнирот во Мајами.
Ѓоковиќ има 8.420 бодови на првото место, по што следи Медведев со 8.275, а за да го задржи врвот потребно е Русинот во Мајами да не избори полуфинале.
Трет на листата на АТП е Рафаел Надал со 7.115 поени, додека само 10 помалку има Александер Зверев, кој во Мајами може лесно да го надмине Шпанецот.
Во топ-10 се уште и Стефанос Циципас, Матео Беретини, Андреј Рубљев, Каспер Руд, Феликс Оже-Алијасим и Камерон Нори.