„Ѓоковиќ е злосторник кој постојано плаче!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои десеттата титула на Австралијан опен, а тоа не им се допадна на сите.

Меѓу нив е австралискиот новинар Ендрју Вебстер, кој вели дека никогаш нема да го смета Ѓоковиќ за најдобар тенисер во историјата.

„Дали толку ги сакаме Надал и Федерер, па не може да признаеме дека Ѓоковиќ ги надмина двајцата? Дали толку многу ни пречи Србинот? Не се нервирам на неговите глупости, рамнодушен сум на нив. Само се жали и плаче по медиумите. Секаде прави драма“, вели Вебстер.