Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ кажа дека неговата повреда на мускулот на стомакот е лоша и дека пукнатината пораснала на 25 милиметри.
Ѓоковиќ се повреди на натпреварот од третото коло против Тејлор Фриц, но успеа да го одигра турнирот до крајот. Во финалето го победи Русинот, Данил Медведев во три сета и така ја освои 18. гренслем-титула во кариерата.
„Дојдов тука директно од снимање со магнетна резонанца и таа покажа дека штетата е поголема од што мислевме. Пукнатината е поголема. Не е ништо страшно, но ќе мора да одмарам одреден период“, кажа Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер во светот кажа и дека го нервираат шпекулациите за неговата повреда, но не може да ги спречи.