Ѓоковиќ го чека нова драма поради Австралијан опен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ сака да настапи на Австралијан опен следната година, но австралиските медиуми пишуваат дека Србинот би можел да се соочи со нова драма.

Ѓоковиќ годинава остана без можност да се бори на турнирот во Мелбурн, откако беше протеран од државата затоа што не беше вакциниран, а привот човек на турнирот Крег Тили кажа дека сака да го види Србинот на турнирот, иако тоа не е негова одлука.

Премиерот на државата Викторија во која се наоѓа турнирот, Даниел Ендруз кажа дека неговиот кабинет нема да одлучува за иднината на Србинот, туку таа одлука ќе падне на федералната Влада во која повеќе не е Алекс Хоук, министерот кој го депортираше Србинот од државата.

До јануари 2023 година има уште неколку месеци, па останува да видиме дали Ѓоковиќ го чека нова драма.