Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на Мастерсот во Рим, па така си го обезбеди првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ е подготвен за следниот предизвик, а тоа е Ролан Гарос, но Србинот исто така е блиску до рекордот на Штефи Граф, која помина 377 недели на првата позиција на ВТА-листата.
Србинот е на добар пат да го освои и неговиот 21. трофеј на гренслем-турнирите и така да се израмни со Рафаел Надал, кој на почетокот на годината славеше на Австралијан опен и стана рекордер.
На АТП-листата втор остана Данил Медведев, по што следат Александар Зверев, Стефанос Циципас, Надал и Карлос Алкараз меѓу најдобрите шест на листата.