Ѓоковиќ го дозна патот до трофејот на првиот турнир за него во 2022 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер го пропушти Австралијан опен затоа што беше депортиран од австралиските власти, а сега го очекува настап во Дубаи каде што ќе се обиде да го освои првиот трофеј оваа сезона.

Познат е и првиот ривал против кој ќе излезе на теренот, а тоа е младиот италијански тенисер Лоренцо Мусети, кој има само 19 години и го измачи Србинот на Ролан Гарос.

Мусети водеше со 2-0 во сетови, по што покажа дека не е физички подготвен за најголемите напори на гренслем-турнирите.

Според проекцијата за Ѓоковиќ, се очекува во второто коло да игра против Качанов или Де Мино, по што во четвртфиналето треба да се судри со Баутиста Агут, во полуфиналето е Оже-Алиасим, додека во финалето се очекува пресметка со Рубљев, меѓутоа останува да видиме дали ќе се остварат прогнозите.