Ѓоковиќ го губи првото место во февруари, но сè зависи од Медведев: Шест можни сценарија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не играше на Австралијан опен и не ја бранеше титулата, па наскоро би можел да го загуби и првото место на АТП-листата, односно тоа може да се случи на 28 февруари, но зависи од Данил Медведев.

Рускиот тенисер кој го освои Ју-Ес Опен и играше финале во Австралија пред неколку недели сега се наоѓа во иделна позиција.

Ѓоковиќ има 10.875 бодови, додека Медведев е на 9.635 бода, но таа разлика наскоро ќе се намали затоа што Србинот ќе ги загуби бодовите од Австралијан опен.

За да го симне од врвот, Медведев мора да слави во Акапулко, додека во меѓувреме Ѓоковиќ ќе игра на турнир во Дубаи.

Постојат пет можни сценарија според кои Медведев би го преземал првото место:

1. Ако ја освои титулата во Акапулко

2. Ако стигне до финалето во Акапулко, а Ѓоковиќ не го освои Дубаи

3. Ако стигне до полуфинале во Акапулко, а Ѓоковиќ не игра финале во Дубаи

4. Ако стигне до четвртфинале на Акапулко, а Ѓоковиќ не игра полуфинале во Дубаи

5. Ако стигне до второ коло во Акапулко, а Ѓоковиќ не игра во полуфинале во Дубаи

6. Ако испадне во прво коло, а Ѓоковиќ не игра четвртфинале во Дубаи