Ѓоковиќ го има најлошиот пласман во последните четири години


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ падна на осмата позиција на АТП-листата, а тоа е негов најлош пласман во последните четири години.

Ѓоковиќ загуби во финалето на Мастерсот во Париз од Данецот Холгер Руне, а со тоа загуби и поени бидејќи ја бранеше титулата.

Србинот има 3.320 бодови на осмата позиција, а блиску е и до испаѓање од топ-10 затоа што „во врат му дишат“ Тејлор Фриц и Руне.

Ѓоковиќ пред четири години исто така доживеа голем пад на АТП-листата, но тогаш причина за тоа беше операција на лактот, по што брзо се врати на првата позиција.