Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната како најдобар тенисер во светот, а веќе се подготвува за новите предизвици, иако не е познато дали ќе настапи на Австралијан опен.
Пред крајот на годината, родителите на Ѓоковиќ открија досега непознати детали од детството на српскиот тенисер, па објаснија и зошто беше исфрлен од училиште.
„Јас бев таа која зборуваше со учителката. Многу пати бев осудувана од нејзина страна затоа што моите деца не одат во училиште. Новак не одеше редовно во училиште затоа што мораше да патува надвор од земјата, бевме принудени на 12 ипол години да го праќаме во Германија за да напредува. Моравме тоа да го направиме, иако ни беше тешко. Учителите ни зборуваа дека ќе пропадне детето и ќе остане неписмено. Ѓоковиќ им докажа на сите дека не е така“, вели Дијана.