Ѓоковиќ го избркаа од Мелбурн, но затоа Дубаи го чека со раширени раце


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е добредојден на турнирот во Дубаи, барем така кажа директорот Салах Талак.

Ѓоковиќ ќе ја почне 2022 година на популарниот турнир, откако претходно не доби можност да ја брани титулата на Австралијан опен.

Србинот беше депортиран од Мелбурн поради тоа што не е вакциниран, но во Дубаи нема рестрикции кои ќе го спречат да заигра.

„Шеикот Мохамед кажа дека тоа што се случило во минатото, треба таму да остане. Но, не ни помага ако останеме во место. Секогаш треба да бидеме позитивни. Ме радува тоа што Ѓоковиќ реши да се врати. Тој е наш поранешен шампиони. Сите билети се распродадени, интересот за турнирот е огромен“, вели директорот на Дубаи.