Ѓоковиќ го плаши „црно сценарио“ – може да остане без полуфинале во Торино!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Србинот во третото коло од групната фаза на завршнито турнир во Торино ќе игра против Хуберт Хуркач.

Ѓоковиќ си ја искомплицира работата на турнирот со поразот од Јаник Синер, па сега би можел да остане и без полуфинале.

Првиот играч во светот мора да победи против Хуркач во два сета, но доколку загуби еден сет од Полјакот, тогаш тоа би можело да биде проблем.

Српскиот тенисер може да испадне од турнирот во два случаи, и тоа при пораз од Хуркач и триумф на Холгер Руне, како и при победа на Ѓоковиќ во три сета, а пораз на Синер.