Ѓоковиќ го предизвика Леброн „еден на еден“, па веднаш доби одговор од „кралот“! (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс му одговори на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ и потврди дека е подготвен за „еден на еден“.

Ѓоковиќ во саботата објави снимка на која се гледа како тренира кошарка и го покажа својот талент, по што го повика Леброн да се пресметаат „еден на еден“.

„Подготвен си! Убав шут, пријателе“, напиша Џејмс на социјалните мрежи.