Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово играше тренинг-меч против Данил Медведев, но истиот го прекина предвреме поради повреда.
Ѓоковиќ одигра само 36 минути против Медведев, по што почуствувал истегнување во задниот бутен мускул и затоа го прекина дуелот.
„Не сакав да ризикувам поголема повреда. Му се извинив на Медведев, кој имаше разбирање за ситуацијата. Не сакав да ризикувам пред Австралијан опен“, кажа Ѓоковиќ.
Србинот се враќа во Австралија по пауза од една година и ќе се обиде да ја освои 22. гренслем-титула во неговата кариера.