Ѓоковиќ го реши Прижмиќ по четири часа, па му даде еден куп комплименти!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Дино Прижмиќ со 3-1 во сетови, а по натпреварот му даде комплименти на помладиот ривал.

Прижмиќ го измачи Србинот на кој му требаа дури четири часа за да стигне до победата.

„Прижмиќ заслужи аплауз, тој е млад тенисер и го очекува убава иднина. Ме натера да трчам четири часа. Покажа дека е неверојатен и има одлична одбрана“, кажа Ѓоковиќ.