Ѓоковиќ го совлада Шелтон, па му спушти слушалка (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 3-0 во сетови против младиот Бен Шелтон во полуфиналето на Ју-Ес Опен, па на провокативен начин го прослави триумфот.

Ѓоковиќ по последниот поен на мечот гестикулираше дека разговара на телефон, а потоа ја спушти слушалката и така го имитираше начинот на кој Шелтон ги прославуваше победите во досегашниот дел од турнирот.

На ова пристигна одговор од американскиот тенисер, кој кажа дека „имитирањето е најискрена форма на ласкање“.