Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со триумфот против Беранкис во второто коло на Ролан Гарос ја оствари својата 70 победа во кариерата во Париз, со што го стигна Роџер Федерер.
Ѓоковиќ во сабота ќе има можност против Риверсон да го престигне големиот ривал, а пред него е само Рафаел Надал, кој славеше 95 пати на гренслем-турнирот во Франција.
Ноле кажа дека овој факт го радува затоа што гренслем-турнирите се најважни во светот на тенисот.
Ролан Гарос беше последен турнир на кој српскиот тенисер немаше стигнато до 70 победи бидејќи тоа претходно му успеа на Австралијан опен, Вимблдон и Ју-Ес Опен.
"It makes me proud, it makes me happy"@DjokerNole on continuing to break records…#RolandGarros pic.twitter.com/sau9MIJeLW
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 1, 2020