Ѓоковиќ и Надал ќе играат во април во Монте Карло


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го дели една недела од рекордот на Штефи Граф по број на недели поминати на врвот на АТП-листата, а од Монте Карло пристигна потврда дека тој и неговиот ривал Рафаел Надал ќе играат на Мастерсот од 8 до 16 април.

Новиот директор на Мастерсот во Монте Карло, Дејвид Мејси потврди дека ривалите ќе играат на турнирот кој е важен како подготовка за Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во Монако славеше двапати, а последните две години турнирот го освојува Стефанос Циципас.