Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тенисер Александер Зверев го коментираше случајот на Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред почетокот на Австралијан опен.
Новинарите ги интересираше како ќе се промени турнирот ако Ѓоковиќ не настапи на првиот гренслем во сезоната.
„Ѓоковиќ е секогаш фаворит, посебно тука и тоа е јасно. Мислам дека многу тенисери покажаа дека играат добро во Австралија. Мора да размислуваме и за Медведев, Циципас и други…“, вели Зверев.
Германскиот тенисер вели дека Ѓоковиќ е еден од најдобрите во историјата и никој не може да го намали неговиот успех.
„Не знам каков став ќе имаат навивачите. Знам дека Ѓоковиќ во нашиот спорт е еден од најдобрите и неговите резултати никој не може да му ги одземе. Тој и понатаму е освојувач на 20 гренслем-титули и нив не може никој да ги одземе“, кажа Германецот.