Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ неодамна најави дека во 2025 година ќе игра на повеќе турнири во споредба со изминатата година, кога се фокусираше само на гренд слем турнирите и Олимписките игри кои му беа главна цел во сезоната. Потврдата за овие негови зборови пристигна веднаш – српскиот тенисер ќе ја започне сезоната пред Австралијан опен, на турнирот во Бризбејн.
Практично, сезоната на Новак во 2025 би можела да започне уште во 2024 година. Официјално, турнирот во Бризбејн започнува на 30 декември и е еден од трите турнири кои ќе се играат паралелно – заедно со Хонг Конг и Јунајтед купот во кој Србија повремено учествувала во минатото. Овој пат Ѓоковиќ одлучи да ја започне сезоната самостојно, што најверојатно е одлука донесена во догoвор со новиот тренер Енди Мареј, за да го пречека првиот гренд слем во сезоната во подобра форма.
Новак само еднаш во кариерата настапи во Бризбејн и немаше многу успех – како прв носител во далечната 2009 година загуби во првото коло од Ернест Гулбис (6:4, 6:4), па во следните години ги менуваше плановите и главно ги пропушташе турнирите во првата недела од новата сезона.
Новак Ѓоковиќ досега освои 24 гренд слем титули што го прави рекордер, а евентуалното освојување на 25-от голем трофеј дополнително ќе го зацврсти неговиот статус како најдобар на сите времиња. Исто така, Новак Ѓоковиќ има 99 освоени трофеи во кариерата, па следниот трофеј ќе биде јубилеен – троцифрен број на пехари во историјата на тенисот имаат само Џими Конорс и Роџер Федерер.