Ѓоковиќ им ја исполни желбата на Британците и направи нешто несекојдневно на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ од следната недела ќе се бори за трофејот на Вимблдон, кој го освои и минатата сезона.

Како втор тенисер на АТП-листата, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, а пред ждрепката им излезе во пресрет на организаторите на турнирот и им исполни необично барање.

Србинот за време на тренингот со Јаник Синер беше озвучен, односно со слушалки и микрофон ги подели своите чувства од теренот.

„Ова е убедливо најдобра трева во светот, очигледно. Добро е за играње, за гледање, навистина уживам. Не сум навикнал да тренирам и да зборувам во исто време, извинете“, кажа Ѓоковиќ.