„Ѓоковиќ има добри шанси да добие виза за Австралијан опен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако до почетокот на Австралијан опен има околу три месеци, сепак главна тема е визата на Новак Ѓоковиќ, кој во моментов има забрана да влезе во Австралија откако годинава беше депортиран.

По неколку политичари, како и директорот Крег Тајли, се јавија и експерти од областа на миграцијата, па познатиот адвокат Кон-Минг Чаи кажа дека Ѓоковиќ има добри шанси да добие виза.

„Мислам дека во најдобар интерес на Австралија е да му дозволи на Ѓоковиќ да дојде на турнирот во 2023 година. Не постои услов поради кој би му се забранил влез во земјата. Нема да создаде никаков проблем за никого бидејќи тој е еден од најдобрите тенисери во историјата“, вели Чаи.