Ѓоковиќ имал мистериозна болест: Не знам што ми е, ова е загрижувачко…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кажа дека не му се допаѓа тоа што физички немал сила на втор турнир по ред, но се труди и гледа позитивно на работите.

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен од Андреј Рубљев со 2-6, 7-6 и 0-6, по што кажа дека мора да се концентира само на позитивните работи.

„Морам да се сконцентирам само на позитивните работи. Немав сила во третиот сет. Пред Монте Карло никогаш не сум се чувствувал вака. Мислам дека има врска со болеста. Беше тешко, а рехабилитацијата очигледно ќе трае подолго од што очекував“, објаснува Ѓоковиќ.

Новинарите ги интересираше и точната природа на болеста, но Србинот не откри премногу.

„Не беше ковид-19, но не сакам да откривам детали, тоа е неопходно. Важно е тоа што ми влијаеше премногу на организмот во претходните недели“, вели Србинот.