Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ конечно го освои златниот медал на Олимписките игри, откако во финалето во Париз славеше против Карлос Алкараз со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6.
Ѓоковиќ испиша историја затоа што ги освои сите титули на гренслем-турнирите, завршниот мастерс, Дејвис Купот и олимпиското злато во сингл-конкуренција.
„Во моментов сум во шок и под емоции. Си кажав по полуфиналето дека ја остварив целта, освоив медал. Сепак, длабоко верував во себе и сакав да освојам злато. Ѝ донесов злато на Србија, ова е мојот најголем спортски успех“, кажа Ѓоковиќ.