Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на Австралијан опен откако денеска го совлада Аслан Карацев од Русија со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2.
Првите минути од мечот понудија израмнет тенис, а двајцата тенисери го одржуваа својот сервис, по што Ѓоковиќ направи брејк во осмиот гем и стигна до 6-3.
Со два брејка Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во вториот сет, а Карацев успеа да врати еден сервис и да му се закани на Ноле, но сепак Србинот стигна до 6-4.
Ѓоковиќ на отворањето на третиот сет направи брејк, но Карацев не се предаде и врати на истиот начин. Меѓутоа, не можеше да направи нова сензација и испадна од Србинот, кој го доби третиот сет со 6-2.