Ѓоковиќ избори полуфинале во Мелбурн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Русинот Андреј Рубљов и славеше со 6-1, 6-2 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ доминираше во првиот и вториот сет во кои Рубљов имаше сериозни проблеми и нервозата беше видлива во неговата игра, додека во третиот сет конечно заигра на повисоко ниво, но тоа не беше доволно против расположениот Србин.

Србинот играше одлично во третиот сет и го доби со 6-4 за да го потврди својот пласман меѓу најдобрите четири на Австралијан опен.