Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва од 23.30 часот Новак Ѓоковиќ го очекува сослушување пред Федералниот суд кој ќе донесе одлука дали Австралија ќе го депортира најдобриот тенисер во светот.
Ѓоковиќ доби медицински исклучок за настап на Австралијан опен, но Австралија му ја одби визата затоа што не е вакциниран.
Србинот се жалеше, по што доби виза на Суд, па министерот за миграција Хок повторно му ја укина визата.
Вчера беше одржана првата дискусија на новото судење, а адвокатите на Ѓоковиќ ја добија првата битка.
Адвокатот на Австралија инсистираше да се одржи судењето пред еден судија, додека адвокатите на Ѓоковиќ бараа три судии.
На крајот беше прифатено барањето на адвокатите на Ѓоковиќ, па судии ќе бидат Дејвид О’Калахан, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко.
UPDATE: Novak Djokovic v Minister for Immigration. The hearing listed for 9:30am AEDT tomorrow, Sunday 16 Jan 2022 will be before the Full Court comprised of Chief Justice Allsop, Justice Besanko and Justice O’Callaghan. The hearing will be live streamed – https://t.co/7r473YsoHq pic.twitter.com/k1Z5WMkEZb
— Federal Court of Australia (@fedcourtau) January 15, 2022