Ѓоковиќ ја откри тајната за исхраната пред финалето со Федерер на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ гостуваше кај новинарот Небојшта Вишковиќ каде што зборуваше за многу теми, а една од нив беше и неговата исхрана.

Ѓоковиќ доби прашање дали му пречи тоа што луѓето разговараат за неговата исхрана и како реагираат на коментарите дека треба да јаде месо.

Србинот кажа дека не му пречи тоа, додека постои почит во дебатата, а отворен е да го слушне секого за некаков совет.

Ѓоковиќ го прашаа и да ја открие мистеријата дали не јадел ништо пред финалето на Вимблдон во 2019 против Федерер, кое траеше пет часа.

„Не. Тоа е една интересна работа за автофагијата, тоа е како изгладување. Кога ќе кажеш такво нешто, луѓето мислат дека ти воопшто не јадеш, но тоа не е така. Ти јадеш, но во одредена количина, а кога не јадеш, енергија земаш преку течности. Јас пред натпреварите не јадам многу“, одговори Ѓоковиќ.