Ѓоковиќ ја почна 400. недела на врвот на АТП-листата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна 400. недела на врвот на АТП-листата, па така далеку зад себе го остави Роџер Федерер со 310 недели.

Ѓоковиќ по победата на завршниот турнир во Торино има 11.245 бодови, па така го обезбеди врвот на АТП-листата најмалку до крајот на Австралијан опен.

Предноста на српскиот тенисер во однос на Карлос Алкараз изнесува 2.390 бодови, па така Ѓоковиќ ќе остане прв најмалку 410 недели во кариерата.

Србинот има уште неколку рекорди во кариерата меѓу кои се 24 гренслем-титули, најмногу Мастерс титули (40), осум пати ја завршил годината на прво место, најмногу победи против топ-10 играчите (257) и најмногу бодови во една сезона (16.950).