Ѓоковиќ ја соопшти неговата одлука за тоа дали ќе настапи во Австралија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на АТП Купот, кој се одржува во Сиднеј од 1 до 9 јануари, а тоа го потврдија на официјалниот сајт, а исто така на турнирот нема да настапи ниту Андреј Рубљев, кој има ковид-19.

Србија ќе ја претставуваат Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Никола Чачиќ и Матеј Шабанов, а селектор ќе биде неговиот брат Иван.

Ѓоковиќ според српските медиуми, сепак, дал „зелено светло“ за настап на Австралијан опен и се очекува да ја брани титулата на првиот гренслем-турнир во сезоната.

Австралијан опен ќе се одржи од 17 до 30 јануари, а Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои неговата 21. гренслем-титула и така да го урне рекордот кој го држат заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал.