Ѓоковиќ кажа кога ќе ја заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најтрофеен по број на гренслем-титули и не планира да запре, иако често го прашуваат кога ќе оди во пензија.

Ѓоковиќ е свесен дека времето полека, но сигурно го „гази“, а во интервју за „Спорт Илустрејтед“ зборуваше кога би можел да ја заврши кариерата.

„Можеби ќе се приближи моментот кога ќе престанам да победувам на гренслем-турнирите и нема да бидам меѓу главните кандидати за титулите. Кога младите момци ќе почнат да ме победуваат, тогаш најверојатно ќе си го поставам прашањето дали треба да продолжам. Засега сè е во ред“, кажа Ѓоковиќ.